Радикално позитивно родителска техника: Пристап на негувано срце

Пристап на негувано срце за дете со АДХД

Дали имате дете со АДХД кое едноставно не слуша или не следи никакви правила? Дали ситуацијата е толку тешка што се чувствувате безнадежно? Ако е така, пристапот на „Негувано срце“ создаден од терапевтот Хауард Гласер може да биде одговорот на вашите борби. Дознајте за пристапот на негувано срце и како можете повторно да се поврзете со вашето дете. Стандардните пристапи за модификација на однесувањето се дизајнирани да ги поддржат изборите што ќе ја одржат хармонијата во домовите и училниците. Пристап на негувано срце, создаден од терапевтот Хауард Гласер кон крајот на 1990-тите, често се смета за „модификација на однесувањето“. Но, тоа е навистина револуционерен начин за градење позитивни односи меѓу возрасните и децата. Наместо да се обидува да го измени однесувањето и да врши контрола, пристапот на негувано срце го трансформира детето со менување на начинот на кој неговите родители се однесуваат со него. На крајот, тоа го менува начинот на кој детето се поврзува со себе и со светот.


Пристап на негувано срце (чекор по чекор)
Сеопфатниот поттик на пристапот на негувано срце е дека интензитетот што оди наопаку и кој на крајот станува симптоматичен и може да се дијагностицира е изворот на енергија што ја поттикнува големината на детето. Принципите на пристапот на негувано срце се:
Чекор  1: Одбиј да ја поттикнуваш негативноста кај детето.
Децата уште на рана возраст, природно учат дека, за да има хармонија во семејството и за да нема караници, добиваат многу повеќе „сок“. Секое дете, работи на таа динамика за да добијат најголема можна доза на фокусирана, емотивно жива врска со возрасните. Со првиот чекор вие треба да ја превртите таа динамика: едноставно одбивање да се поврзете на енергичен начин со детето околу предизвикувачките однесувања. Клучно е да се воспостави овој прв чекор пред другите два, но тој станува ефективен само кога се користи заедно со вториот.
Чекор 2: Усмерен (наменски) енергичен успех
Овој став е за пронаоѓање и признавање на позитивно и неутрално однесување, односно секое однесување на детето кое не вклучува кршење на правилата. Ја превртувате динамиката на нагативно енергично однесување во позитивно и неутрално.  Како поминува времето и  детето очекува да биде наградено со поврзаност и ценење затоа што не се однесува лошо, детето се менува. Најпрво со таа личност, а потоа и со другите. Совладувањето на овој став мора да биде пропратено со доследно вреднување и посветеност за да се запамети и да се искажува благодарност. Она што на детето му се изразува со благодарност никогаш не се заборава.
Чекор 3: Јасни правила и последици
Бидете јасни за правилата, без да користите премногу негација, како на пример:„Без удирање“,  „Без лажење“, „Без задевања“, „Среди тоа што си растурил“. Ова носи поголема јасност од таканаречените „позитивни правила“: „Држете ги рацете покрај себе“ или „Бидете љубезни“ или „Исчистете се“.
Возрасните кои воспитувале деца со АДХД или хиперактивност, знаат дека ако линијата помеѓу почитуваното правило и прекршеното правило не е совршено јасна, детето ќе тестира и ќе притиска за да открие каде е линијата. Можеби ќе завршите со многу правила, но тоа е во ред. Тоа остава повеќе простор за благодарност на вториот чекор каде што правилата не се прекршуваат. Кажете му на детето: „ Ми се допаѓа што избра да не се расправаш кога играта со брат ти не се одвиваше како што сакаше ти. Видов дека си вознемирен и толку моќно и мудро се справи со тие чувства со тоа што реши да не се тепате“.


Кога правилото е прекршено, пристапот на негувано срце користи не-енергично „ресетирање“ како последица. Ова е форма на тајм-аут каде возрасното лице привремено се исклучува од детето, давајќи нулта реактивност на однесувањето што ги прекршува правилата и вели: „Јас, не знам“. Возрасниот внимателно гледа следниот момент кога нешто оди како што треба или кога прекршувањето на правилата се намалува или запира, и се враќа на вториот чекор.
Пристапот за негувано срце на почетокот може да изгледа премногу позитивен. Она што е точно е дека се заснова на апсолутна вистина на моментот. Или се крши некое правило, или не. Ако некое правило не се прекршува, активно понудете енергично, позитивно признание и благодарност. Ако некое правило е прекршено, време е за ресетирање и нова шанса за успех.

Можеби ќе ве интересира