ШТО Е СТОКХОЛМСКИ СИНДРОМ?

Стокхолмски синдром  е психолошки термин кој се користи за да се опише парадоксалниот феномен на врската што се развива помеѓу некој  човек и неговиот заложник.Тука не станува збор за дајца пријатели, туку за луѓе кои живеат заедно и едниот го води другиот да биде  против трета личност. Најлесно, со пример, ова се објаснува кога двајца родители се разведени, а само кај едниот родител живее или живеат децата. Кога родителот со кој што децата живеат, долг период зборува против родителот со кого не живеат, се нарекува Стокхолмски синдром.  Во таков однос, заложникот, во случајот детето, изразува емпатија и позитивни чувства спрема неговиот злоупотребувачки градител, родителот со кого живеат, и честопати тие можат да покажат желба да го бранат, а  да имаат негативни чувства за другиот родител.
Стокхолмски синдром го добил името по еден познат грабеж на банка што се случи во Стокхолм, Шведска во 1973 година. Двајца вооружени разбојници држеле вработени во банка, три жени и еден маж, како заложници цели шест дена. Заложниците станале емотивно приврзани кон разбојниците на банката и тие почнале да ги штитат киднаперите од полицијата. Д-р Нилс Бејерот, криминолог и психијатар, го создал терминот Стокхолмски синдром за да ја опише оваа динамика.

Стокхолмски синдром
Она што се случува во Стокхолмскиот синдром е дека примитивниот инстинкт за преживување ја превзема жртвата со закана за животот. Тоа е комплициран процес кој им помага на жртвите да ја толерираат неописливата нарцисоидна злоупотреба на која секојдневно се подложени. Дури и кога работите се одвиваат добро, жртвата е контролирана со страв дека работите можат да се променат во секој момент. Не можејќи да превземе ништо да избега од нивниот одвратен живот, жртвата оди во позиција на „замрзнување“. Интересно е што, овој процес на замрзнување може да се види кај животни кои се под закана од смрт. Животното се преправа дека е мртво, и тогаш обично ѕверот ќе изгуби интерес за својот плен, ако пленот не се движи  или не покажува страв. Најлошо од се е кога жртвата е дете во раст и развој. Детето расте во такви услови што понатака тоа сигурно ќе се одрази на неговиот живот.
Со текот на времето, жртвата станува благодарна за мали милосрдии од неговиот насилник и смета дека секое покажување љубезност или љубов, значи дека опасноста поминала, барем за момент  и некое време можат да бидат опуштени од возбудата на вознемиреност. Заради таквото однесување од страна на насилникот, жртвите се убедуваат себеси дека тој е навистина „добар човек“ и се воспоставува патолошка состојба кај двете лица. Во моментот кога станува збор за деца со разведени родители, едниот родител лесно, заради својата омраза кон својот поранешен партнер, станува човек со ваков синдром. Доколку децата се мали и сеуште не се доволно свесни и развиени, тие немаат јасна слика за родителот со кој не живеат. Сликата за тој родител е изградена од лошите зборови на родителот со кој живеат. Дури и кога имаат видување со родителот со кој децата не живеат, тие се однесуваат кон него со неубаво и заштитнички кон родителот со кој живеат.

Стокхолмски синдром
Ова ја одржува жртвата на безбедна страна, со што ги спречува нарцисоидните реакции од насилникот,на отфрлање и напуштање што би биле активирани доколку се сретнат со „непријателот“. Честопати, всушност, жртвата ќе се стави во таков само хипнотички транс на љубов со насилникот и ќе го брани својот нарцисоиден гонител од надворешниот свет. Ова го отежнува интервенирањето на поширокото семејство, бидејќи тоа предизвикува голема забуна, а членот на семејството може дури и да се плаши дека жртвата ќе го покаже гневот на нарцисоидот. Жртвата, исто така, има тенденција да донесе „став на задоволство“. Ова пријатно однесување е друга стратегија, родена од потребата за „чување безбедност“; Тогаш, преку пријатен став, жртвата постигнува состојба со која ќе успее да ги исполни барањата на насилниците, да им го даде она што им е потребно.

Текстот го напиша лиценциран детски тренер и личен детски асистент: Славе Павловски

Можеби ќе ве интересира