“Отуѓување“од Ѓорѓи Мешков ја опишува потресната висинска приказна за борбата за спас на сопствениот син

Долгоочекуваниот и повеќе пати најавуваниот роман “Отуѓување“ од Ѓорѓи Мешков, на приказната на Бранко Брковиќ, конечно излезе од печат. Промоцијата ќе биде во Април во Скопје и Кавадарци, а се најавуваат и промоции во други градови во Македонија.

“Отуѓување“од Ѓорѓи Мешков

Романот во кој е опишана вистинската приказна за борбата на главнион јунак “Борко“ за спас на сопствениот син, на моменти вкочанува, ве смрзнува од вчудовидување, ве замислува, шокира и поставува безброј прашања од типот “Зарем е можно ова да се случува?“.

Идејата да се напише вакво четиво и истото да се вообличи во роман – драма не било да се создаде книжевно дело само по себе, или само за себе. Напротив, идејата, замислата и намерата е оваа книга да „дигне прашина“ за злосторство кое се одвива пред нашите очи и уши и воедно, да ја „расчисти прашината“ со која јавачите на апокалипсата, децении наназад ја трупаа и со истата им ги прашеа очите и затнуваа ушите на граѓаните, да бидат слепи за да не можат да видат и глуви за да не можат да слушнат за злосторството кое како главна мета и цел го има најсветото – потомството, децата…

На повеќе од 400 страници, Ѓорѓи Мешков ја раскажува оваа вистинска приказна на начин што ќе ве врзе од првата до последната страница, без да се ослободите од “грутката“ откако ќе ја затворите книгата. Онаа грутка која намерно се натрупува од почетокот на приказната и постојано се зголемува додека ја читате, а никако да се стркала, за да се ослободите од вчудовиденоста и од неверување дека ова се случува, дека нема институции кои можат да се справат со овие проблеми со кои се соочуваат родителите после развод, посебно татковците, кои се најчести жртви на отуѓувањето на нивните деца од страна на мајките – напиша Борче Трајковски колумнист и уредник

Целта на овој роман е да помогне, да се соголат и разоткријат, да се разоружаат и обезоружат причинителите и одговорните во надлежните институции, кои од причини наведени во романот, наместо да се фатат во костец со злото, истите, не само што се ставаат во негова служба, туку го поддржуваат, па дури стануваат и соучесници со психичките чедомори – напиша авторот за својот роман.

Можеби ќе ве интересира