Војна е вооружен судир меѓу две или повеќе страни. Тогаш секоја од страните се стреми да ја добие моќта и да ја наметне својата волја на непријателот. Обично се одвива на еден или повеќе фронтови. Во војната нема победа или пораз, сите страни губат.
Најстрашниот, најнемилосрдниот и најсуровиот збор на светот е војна. На луѓето им го носи само најлошото, а тоа е: страдање, тага, солзи и глад. Војната никогаш нема да донесе среќа дури и на победникот. Таа е многу сурова. Тешко е да се замисли колку мора да има омраза кај луѓето за да одат да убијат некого. Во војната не се манифестира само суровоста на луѓето, туку и нивната глупавост. Човекот се нарекува интелигентен, но, според мене, тој не е достоен за такво име ако се фати за оружје. Се разбира, секоја војна може да се спречи, а оваа задача е на политичарите. Нивната главна должност е да го решат секој конфликт по мирен пат. Но, за жал, овие луѓе не секогаш се справуваат со таква должност. Во нашево време, проблемот со избувнувањето на војна е многу важен. Војната го нарушува вообичаениот начин на живот, ја оневозможува благосостојбата на луѓето. Кога завршува засекогаш останува црна дамка на илјадници луѓе. Би сакала да им посакам на владите на сите земји, користејќи какви било средства, да не дозволат избувнување на нова војна, за идните генерации да не се срамат од нашите непромислени постапки.
Ужасите на војната тешко се преживуваат, но секогаш мора да најдеме начин да одиме понатаму, да имаме надеж за подобра иднина, да имаме нова смисла во нашиот живот, затоа што во војна нема победа или пораз. Во војна сите се поразени.
Текстот го напиша Мила Павловска ученичка во IX-б одделение во ООУ Јан Амос Коменски, Скопје