17 Март – ден на основањето на Црвениот Крст во Република Северна Македонија
Како и секоја година, така и оваа година Црвениот крст на 17 Март го слави своето основање во нашата земја. Оваа година Црвениот крст на Република Северна Македонија одбележува значајни 76 години од своето основање и 26 години од полноправно членство во Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина.
17 март е значаен ден за Црвен крст на Република Северна Македонија, датум кој го одбележува постоењето, дејствувањето, а воедно и успехот на сите волонтери, вработени, поддржувачи и безброј активисти кои овозможија оваа организација да опстојува толку време низ годините.
Една од најхуманите човечки работи е помагањето на оној на кој му е најпотребно тоа. Преку волонтирање в црвениот крст тоа најдобро може да се направи.
Во текот на годината организацијата организира повеќе онлине настани на национално и локално ниво со цел да се потсетиме на предизвиците и успесите на организацијата на Црвениот крст во изминатите години.