1 милион пластични кеси се користат низ целиот свет секоја минута. „Ако светот не запре со производството целосно, за 30 години тежината на пластичните кеси фрлени во морињата и океаните ќе ја надмине тежината на сите суштества што живеат во нив“. –изјавиле претставниците од „Нула отпад Европа“. Ден без пластични кеси е глобална иницијатива која има за цел да ја елиминира употребата на пластични кеси за една употреба во светот. Пластичните кеси за првпат биле воведени во 1965 година. Во просек, пластичните кеси се користат 25 минути. Сепак, потребни се од 100 до 500 години за распаѓање на пластична кеса, во зависност од видот на пластика. Според статистиката 1 милион пластични кеси се користат низ целиот свет секоја минута. Просечен Европеец користи околу 500 пластични кеси годишно, а сепак, Европејците со големо мнозинство поддржуваат забрана за пластични кеси за еднократна употреба.