Едно мое необично патување

Беше викенд, станав, и одма земав учебник по Географија од мојата поголема сестра и почнав да читам. Во учебникот беа опишани сите планети, но јас почнав да си замислувам дали е можно да постојат и други неоткриени планети.
Се зачудив и продолжив да читам и да размислувам. По некое време, го оставив учебникот, отидов во гардероберот,  притиснав едно копче кој ме направи мал и наеднаш полетав. Стигнав до една планета која се викаше Соли. Таму се беше поинаку и бев многу зачуден од тоа што го гледав пред себе. Имаше дрвја како брокули, а на нив растеа крекери со путер.  Блиску имаше река која се викаше Суп-Блуп и во која наместо вода течеше супа, а во неa пливаа ѕвездички. Таму имаше една солена куќичка. Тропнав, а вратата ми ја отвори едно мало зелено и необично суштество. Кога ме виде беше многу изненедено и најпрвин се исплаши. Пробав да зборувам македонски, а тој ме разра. И јас бев изненаден во тој момент. Му објаснив кој сум, ме покани да влезам, а потоа ме послужи со убава необична храна која ја немаше на планета Земја. Почнавме да разговараме за животот на планетата Соли и жителите кои живеат тука. Моето мало зелено другарче се викаше Џу. Тој раскажувајќи почна да плаче, да се тркалаат солзи по неговото зелено лице. Го прашав зошто плаче. Џу ми раскажа дека е многу тажен затоа што на планетата Соли се е солено, а тој сакал да јаде и благо. Тогаш му предложив да дојде на гости кај мене, да ја запознае мојата планета и моите другарчиња. Џу со насмевка на неговото лице одма се согласи и се подготви за патување. Заедно влеговме во моето летало кое личеше на гардеробер и полетавме накај дома.
Само што полетавме нешто почна да шушка и што да видам, моето куче дојде во мојата соба, а јас сум заспал со учебникот по географија. Многу ми беше жал што новото другарче не го однесов да проба од убавите и вкусни торти што ги прави мојата најдобра мајка.

Можеби ќе ве интересира