Лента со сончогледи

🌻 🌻 🌻 Колкумина од вас го знаат значењето на лентата со сончогледи?

🌻 Сигурно многу малку.
🌻 Сончогледовата лента не е нов тренд, инициран од некаков псевдоинфлуенсер.
🌻 Тоа е симбол што се користи претежно на фреквентни места (железничка станица, аеродроми, итн.)  за дискретно предупредување на вработените дека патникот може да има посебни потреби.
🌻 Ако видите мајка или татко како го носи овој симбол во супермаркет, и држи дете за рака, тоа може да значи дека детето има невидлива попреченост
🌻 Тривијални нешта, како чекање во ред, може да биде невозможно едно дете со аутизам да ги разбере.
🌻 Ако видите дека некој носи видлива лента со сончоглед, значи дека таа личност или лицето кое го придружува може да има скриена попреченост, физичка или психичка.
🌻 Можеби откако ќе го прочитате овој совет, ќе ги пропуштите тие лица во редот пред Вас.
🌻 Можеби ќе им оставите малку повеќе простор.
🌻 Можеби ќе им пружите повеќе разбирање.
🌻 Или можеби доколку сакате ќе ја споделите оваа информација 🌻 🌻 🌻
Можеби ќе ве интересира