Јас сум сеуште ученик во основно образование, но уште од мал многу луѓе ме прашуваат што сакам да бидам кога ќе пораснам. Некои од моите другари сакаат да бидат фудбалери, некои сакаат полицајци, некои пилоти, дизајнери…
Мислам дека на оваа возраст ми е рано да се одлучам, но и јас како и сите други деца во главата имаме мисли што сакам да бидам кога ќе пораснам. Моите блиски и наставниците во училиште ме познаваат многу добро. Знаат дека многу сакам математика и да решавам задачи. Сакам и да истражувам. Затоа тие ми препорачуваат да бидам инжињер. Не само што ми го препорачуваат ова, туку и јас самиот мислам дека би бил многу добар во оваа работа. Сакам да работам математика и да решавам задачи, а со тоа ќе можам да работам на големи проекти и да носам одлични решенија како инжињер. Исто така сакам и да истражувам, па можеби ќе пронајдам некој нов изум и ќе бидам новиот научик од Македонија. Како инжињер ќе можам да и помогнам и на нашата држава. Но , јас мислам дека најважно од се е образованието кое ќе го стекнеме, додека размислуваме за нашата идна професија. Мојата идна професија како инжињер бара учење и дисциплина уште од најмала возраст. Идниот инжињер мора да биде начитан, трпелив, трудељубив. Имам читано за многу инжињери во светот и навистина им се восхитувам. Се надевам дека еден ден и јас ќе бидам еден од нив. Исто така знам дека идната професија треба да ја сакаме од срце и да ја работиме со радост.
Можеби инжињерството ќе биде мојата идна професија и сето ова ќе биде вистина. Доколку е така, јас ќе бидам многу среќен човек и кога ќе пораснам.