Хотел за кучиња од Лоис Данкан – Белешка за авторот

Лоис Данкан била позната американска писателка, романсиер, поет и новинар. Родена е на 28 април 1934 година во Филаделфија, Америка, како ќерка на меѓународно познати фотографи на списанија. Уште од раното детство знаела дека сака да пишува и да биде писателка. Својата прва приказна ја напишала на свои 10 години, а била објавена кога имала 13 години во популарно детско списание. Во средношколските денови пишувала текстови за млади. Потоа се вработила во Универзитет во Ново Мексико и предавала предмет Пишување списанија. Во тоа време над 300 нејзини текстови се издавале во најпознати списанија во Америка и светот. Била мажена два пати. Од првиот брак имала 3 деца. Втор пат се омажила за Дон Аркет и со него имала уште две деца. Сите нејзини деца биле многу креативни. Лоис има напишано над 50 книги со различни жанрови и читатели кои ја читале од сите возрасти. Има добиено многу меѓународни награди во над 20 земји во светот. Лоис има напишано книга  за вистинска приказна за нејзината ќерка со наслов „Кој ја уби мојата ќерка“ . Таа книга ја напишала по бруталното убиство на нејзината ќерка.  Книгата се прикажувала на многу ТВ-емисии во целиот свет и била тема на дискусија долго време. Нејзините романи се преведувале на многу светски јазици. За нејзините филмови имало снимено и неколку филмови, а најпознати  нејзини дела се: Хотел за кучиња, Кој ја уби мојата керка, Знам што направи минатото лето, Лето на стравот, Убивањето на господин Грифин и многу други. Нејзино последно објавено дело е продолжение на книгата ,, Кој ја уби мојата ќерка“ и се вика „Еден од волците“ во 2013 година. Починала на 82 годишна возраст, на 15 Јуни 2016 година.  Лоис Данкан била најпродаван автор на романи за тинејџери  кои содржат големи заплети и среќни расплети.

Лоис Данкан

Можеби ќе ве интересира