Развојни пресвртници
Средното детство носи многу промени во животот на детето. Во тоа време, децата треба да можат сами да се облекуваат, полесно да фатат топка користејќи ги само рацете и сами да ги врзат чевлите. Независноста од семејството станува поважна сега. Настаните како што е започнувањето на училиште ги доведуваат децата на оваа возраст во редовен контакт со поширокиот свет. Пријателствата стануваат се поважни. Физичките, социјалните и менталните вештини се развиваат брзо во овој момент. Ова е критично време за децата да развијат доверба во сите области од животот, како што се преку пријателите, училишната работа и спортот.
Еве неколку информации за тоа како децата се развиваат во средното детство:
- Емоционални и социјални промени
- Покажуваат поголема независност од родителите и семејството.
- Почнуваат да размислуваат за иднината.
- Разбераат повеќе за нивното место во светот.
- Обрнуваат повеќе внимание на пријателствата и тимската работа.
- Сакаат да бидет сакани и прифатени од пријателите.
- Размислување и учење
- Покажуваат брз развој на менталните вештини.
- Учат подобри начини да ги опишат искуствата и да зборуваат за мислите и чувствата.
- Имаат помалку фокусирање на сопственото јас и повеќе грижа за другите.
Позитивни совети за родителство
- Покажете љубов кон вашето дете. Препознајте ги неговите достигнувања.
- Помогнете му да развие чувство за одговорност, замолете го да помогне во домашните задачи, како што е поставување на маса.
- Разговарајте за училиштето, пријателите и работите.
- Разговарајте за почитување на другите. Охрабрете го да им помага на луѓето на кои им е потребно.
- Помогнете му да си постави свои остварливи цели, така ќе научи да се гордее со себе и помалку да се потпира на одобрување или награда од другите.
- Помогнете му да научи трпеливост со тоа што ќе ги пушти другите прво да си одат или ќе заврши некоја задача пред да излезе да си игра. Охрабрете го да размисли за можните последици пред да направи нешто.
- Направете јасни правила и држете се до нив, како на пример колку долго вашето дете може да гледа телевизија или кога треба да легне. Бидете јасни за тоа какво однесување е во ред, а што не е во ред.
- Правете забавни работи заедно како семејство, како што се играње игри, читање и одење на настани во вашата околина.
- Вклучете се во училиштето на вашето дете. Запознајте се со наставниците и персоналот и разберете ги нивните цели за учење и како вие и училиштето можете да работите заедно за да му помогнете на вашето дете да работи добро.
- Продолжете да му читате на вашето дете. Како што вашето дете учи да чита, наизменично читајте си еден на друг.
- Користете дисциплина за водење и заштита на вашето дете, наместо казнување за да се чувствува лошо за себе. Следете ја секоја дискусија за тоа што не треба да правите со дискусија за тоа што да правите наместо тоа.
- Пофалете го за доброто однесување. Најдобро е да се фокусирате на пофалбите повеќе на она што го прави вашето дете, како на пример:„напорно работеше за да го направиш ова“, отколку на особини што тоа не може да ги промени , како на пример: „ти си паметен“.
- Поддржете го во преземањето нови предизвици. Охрабрете го сам да ги решава проблемите, како што е несогласувањето со друго дете.
- Охрабрете го да се приклучи на училишните групи, како тимски спортови, или да ги искористи можностите за волонтерство.
Безбедноста на децата на прво место
- Повеќе физички способности и поголема независност може да ги изложат децата на ризик од повреди од падови и други несреќи.
- Заштитете го правилно во автомобилот.
- Научете го да внимава на сообраќајот и како да биде безбедно кога оди до училиште, вози велосипед и игра надвор.
- Погрижете се да ја разбере безбедноста на водата и секогаш надгледувајте го кога плива или си игра во близина на вода.
- Надгледувајте го вашето дете кога е ангажирано во ризични активности, како што е качување.
- Разговарајте со вашето дете за тоа како да побарате помош кога му е потребна.
- Чувајте ги потенцијално штетните производи за домаќинството, алатките, опремата и огненото оружје подалеку од дофат на вашето дете.
Здрави тела
- Родителите можат да помогнат училиштата да бидат поздрави. Работете со училиштето на вашето дете за да го ограничите пристапот до храна и пијалоци со додаден шеќер, цврсти масти и сол што може да се купат надвор.
- Погрижете се вашето дете да има 1 час или повеќе физичка активност секој ден.
- Чувајте ги телевизорите надвор од спалната соба на вашето дете. Поставете ограничувања за времето поминато на екранот за вашето дете дома, училиште или после училишна нега и развијте план за користење медиуми за вашето семејство.
- Практикувајте здрави навики во исхраната и физичка активност рано. Поттикнете ја активна игра и бидете пример со тоа што ќе се храните здраво за време на семејните оброци и ќе имате активен животен стил.
- За деца на училишна возраст од 6 до 8 години, препорачано е да спијат од 9 до 12 часа на 24 часа .