Персонализирани книги за деца: Со труд, верба и мечтаење може да се оствари секоја цел

Ако во минатото, книгата беше најдобриот пријател на детето, денес тоа се таблетите, мобилните телефони, уредите и екраните. Сакајќи да му пркосат на дигиталното време, персонализираните книги се еден начин да се инспирира љубов кон читањето кај децата. Роденденска книга, каде малите славеници одат во авантура во која пронаоѓаат роденденски желби, приказна за децата кои го менуваат светот со помош на добрината, боенка за шарената азбука во која низ игра се учат буквите, се само дел од персоналзираните содржини на Кидлинг.

– Моментот на персонализација ги прави позаинтересирани за приказната и порецептивни на поуките од неа. Мисијата на Кидлинг е да им покаже на децата дека тие се хероите во својата приказна. Една од пораките кои се провлекуваат низ повеќето содржини е дека со труд, верба и мечтаење – може да се оствари секоја цел, велат издавачите.

Кидлинг, првиот стартап за персонализирани книги во нашата земја, веќе над една година ги радува дечињата со книги во кои токму тие се главните јунаци.

– Замислете ја нивната радост кога ќе забележат дека главниот јунак во книгата се вика и изгледа токму како нив. Дополнително, некои од приказните се заедничка авантура со нивните братчиња, сестричиња или другарчиња. На првата страница од книгите стои и посвета од оној кој ја подарува, што го прави овој подарок незаборавен и вреден за чување засекогаш, појаснуваат од Кидлинг.

Во најновата персонализирана книга со наслов “Што ќе бидам кога ќе пораснам?”, детето е претставено во различни сценарија и професии кои за прв пат досега, читателите можат самите да ги одберат. Од оваа приказна, дечињата ќе научат дека со труд, учење и желба, секое дете може да биде баш сѐ што ќе посака! Интересно е тоа што илустратор на оваа книга е младата сликарка Наталија која има само 11 години.

Книгите се креираат онлајн на веб страницата на Кидлинг (www.kidling.mk).

Можеби ќе ве интересира