Светскиот ден на водата се одбележува секоја година низ целиот свет на 22 март со цел да се потенцира важноста на водата и да се подигне свеста за кризата со вода со која се соочува светот. Главниот фокус на денот е „поддршка на постигнувањето на целта за одржлив развој за вода и канализација за сите до 2030 година“. Резолуцијата за одбележување на Светскиот ден на водата беше усвоена од Генералното собрание на ООН на 22 декември 1992 година, по што 22 март беше прогласен за Светски ден на водата и се слави низ целиот свет од 1993 година.
Темата на Светскиот ден на водата 2021 година е „Вреднување на водата“ и е избрана да ја истакне вредноста на водата во нашето секојдневие. „Вредноста на водата е многу повеќе од нејзината цена – водата има огромна и сложена вредност за нашите домаќинства, храната, културата, здравството, образованието, економијата и интегритетот на нашето природно опкружување. Ако превидиме некоја од овие вредности, ризикуваме лошо управување со овој конечен, незаменлив ресурс “. На денот на водата, во Република Северна Македонија заврна снегсо што помогна во добивање почист воздух и повеќе вода во нашата држава.