Добри односи родител-наставник
Добрата врска со наставникот и училиштето на вашето дете е одлична почетна точка за справување со сите проблеми што се појавуваат на училиште. Запомнете, наставникот на вашето дете му мисли и му прави само добро на вашето дете! Затоа можете да поставите основа за добра врска родител-наставник со претставување на себе си и запознавање со наставникот на вашето дете што е можно порано. Комуницирање и градење односи со наставникот на вашето дете е подобро отколку да имате контакт со наставникот само кога има проблем. Добрите односи родител-наставник значат многу, и со тоа децата:
– Имаат подобри академски, емоционални и социјални вештини
– Децата се посреќни на училиште, учат полесно и подобро градат другарски врски.
– Посетуваат училиште редовно без проблем.
– Подобро се однесуваат.