Како однесувањето на родителите може негативно да влијае на децата?
Доколку родителите често и долго сурфаат на интернет и „скролаат“ по социјалните мрежи, може да предизвикаат незадоволство кај децата. Спроведеното истражување покажа поврзаност помеѓу лошото расположение на децата и времето кое родителите го поминуваат проверувајќи ги нивните телефони. Ставете ги телефоните настрана. Имено, во студијата биле опфатени 172 семејства со деца помали од пет години кои биле неколкупати испрашувани.
Експертите веруваат дека телефоните за родителите претставуваат бегство од расплакано дете. Меѓутоа, на тој начин губат важен контакт со детето.
Ако за време на разговорот со детето родителот дозволи телефонот да го прекине, детето добива чувство дека уредот контролира се, односно вниманието на родителот. Затоа вниманието насочено кон детето станува непредвидливо.
Иако родителот е физички присутен, поради телефонот ретко е присутен емотивно.
Експертите советуваат да го оставите уредот во текот на времето што го поминувате со вашето дете.