Сакате да пораснете здрави и среќни деца? Факти како интернетот влијае на вашите деца
Не е толку чудно во овие години да гледате дека децата со часови се лепат на паметни телефони, конзоли за игри или телевизори. Бидејќи живееме во такво време и екрани има насекаде околу нас, тешко е за родителите да го контролираат времето на детето поминато покрај екранот. Но, тоа што стана многу комплицирано е што им се овозможува на децата да користат електронски уреди дури и дома. Во денешно време, децата посегнуваат по електронски гаџети од секаков вид, особено паметни телефони, компјутери, таблети, веднаш штом ќе можат да земат предмет во рацете, а тоа е од привлечноста на боите со кои изобилуваат на екраните. Првично, ништо не може да изгледа проблематично, но ако оваа навика продолжи долго време, дефинитивно може да доведе до одредени ризици. Ако децата се навикнат на овие паметни уреди на рана возраст, дури и родителите треба да се борат да ги извлечат од тоа. Прекумерното време на екранот има негативно физичко и психичко влијание врз здравјето на децата тврдат детските експерти од целиот свет.
Еве негативни ефекти кај децата кои поминуваат премногу време пред екран:
1. Дебелина
Користењето на кој било електронски екран бара да се седи или да се лежи додека го користите. Заедно со оваа неактивна природа, потрошувачката на висококалорична нездрава храна често доведува до дебелина од детството. Кога децата имаат оброк или ужина за време на гледање телевизија, тие немаат мерка на контрола над тоа што јадат. Значи, децата кои имаат навика да јадат за време додека се пред екранот, имаат поголема веројатност да имаат прекумерна тежина. Исто така врската помеѓу паметните уреди и храната е многу тесна. Децата во развој, гледајки ги вештачките бои од екраните и неправилното држење на телото доведуваат до мрзеливост. Мрзеливоста покрај храната која ја јадеме не тера да јадеме и многу нездрава храна со маснотии и шеќер. Бидејќи дебелината доведува до различни здравствени проблеми што вклучуваат дијабетес, проблеми со зглобовите и срцеви заболувања, децата имаат поголем ризик од развој на здравствени проблеми подоцна во детството, воедно и неправилна работа и развој на мозокот кај детето.
2. Проблеми со гледањето
Екраните од денешно време имаат јасна резолуција и изгледаат толку зачудувачки што децата не можат да ги тргнат од очи. Но, децата кои долго гледаат во тие вештачки бои, се изложени на поголем ризик од неповратно оштетување на окото. Подолго време пред екранот може да резултира во замор на очите што може да вклучува температура на окото, чешање или уморни очи. Децата кои поминуваат многу време пред екраните може да доживеат заматен или двоен вид.
3. Депривација на сон
Знаеме дека спиењето е неопходно за развој и благосостојба, особено за децата. Важно е за учење, концентрација, фокусирање, меморија, емоции, однесувања и уште поважно за целокупното здравје. Но, прекумерната изложеност пред екраните ја намалува вкупната количина на сон што децата треба да ја добијат. Кога децата долго време се изложени на екраните, нивните навики за спиење се нарушуваат и се расипува квалитетот на спиењето. Ова доведува до лишување од сон и влијае на нивниот развој и раст целокупно. Влијае и на социјалниот дел од животот на децата. Сите електронски уреди, вклучувајќи телефони, таблети и телевизори, емитуваат сина светлина од екранот. Кога децата употребуваат некој од овие уреди пред спиење, телото ја толкува испуштената сина светлина како дневна светлина и мозокот го испраќа сигналот за да се разбуди. Значи, ова го прави детето да остане буден дури и кога екранот е исклучен. Децата кои страдаат од лишување од сон може да бидат растревожени и да имаат поголем ризик од дебелина, проблеми при учење и памтење, асоцијалност, проблем при говорење, и други здравствени проблеми.
4. Болки и деформитети
Како што беше кажано претходно, користењето на кој било електронски уред бара да бидете седнатидодека го користите. Користењето паметни телефони или таблети долго време, влијае на држењето на телото на детето. Нарушеното држење на телото во текот на годините во развој, може да доведе до штетни физички ефекти врз телото што можат да траат цел живот. Преголемата изложеност на екраните може да резултира во развој на болка во грбот и главоболки кај деца. Врската помеѓу болките и екранот не се должи на видот на активност на екранот каде што децата се ангажирани, туку се должи на колку време те поминуваат пред таков паметен уред. Количината на главоболки и болки во грбот зависи од тоа колку долго децата биле изложени на екраните и колку долго тие гледале во вештачките бои.
5. Губење на социјални вештини
Децата кои поминуваат поголем дел од времето пред екраните немаат вештини за социјална интеракција. Социјалната интеракција не само што вклучува говорење, туку и препознавање и разбирање на невербални знаци. Невербалните знаци вклучуваат изрази на лицето, тон на глас и контакт со очите кои обезбедуваат важни информации додека комуницирате со другите. Луѓето кои ги разбираат овие индиции имаат тенденција да имаат подобар социјален живот и посилни меѓучовечки односи. Овие вештини се учат надвор меѓу деца во текот на детството, а не пред екран на паметен уред. Но, децата кои прекумерно трошат време во интеракција со електронски уред, имаат ограничен контакт лице-в-лице со луѓе што влијае на нивните идни односи како возрасни подоцна во животот.
6. Агресија
Прекумерното време на децата пред екранот е поврзано со агресијата и другите проблеми со нивното однесување. Децата кои се изложени на вештачки бои од екраните, се бесни кога има проблем со паметниот уред и стануаат раздразливи и нервозни кога не користат електронски уреди. Кај некои деца, премногу време поминато пред екранот може да го влоши основното ментално здравје и да предизвика нелагодна состојба. Децата кои поминуваат многу време гледајќи насилни емисии или играат игри со кои има насилство или употребуваат оружје, веројатно ќе бидат агресивни и дома и во училиште. Ова доведува до недостаток на грижа за другите и ги расипува меѓучовечките односите.