Видео игрите ја намалуваат концентрацијата на децата

Видео игрите ја намалуваат концентрацијата на децата

Поголемиот број истражувања за влијанието на видео игрите врз децата ги истакнуваат негативните последици од нивната употреба. Децата, како и возрасните, кои поминуваат многу време играјќи видео игри или гледајки видеа имаат повеќе проблеми со концентрацијата. Интересно, оваа врска оди и во спротивна насока: луѓето со импулсивна природа на кои и онака им е тешко да се концентрираат само на една работа, имаат поголема тенденција да поминуваат многу време во друштво на видео игри и видеа. Во ова истражување, проблемите со концентрацијата се дефинирани како потешкотии во придржувањето кон однесувањето кое води до постигнување на целта. Истраувачите сметаат дека откритието е многу важно бидејќи повеќето од претходните истражувања на овој проблем се засновале на биолошки и генетски фактори, а не на надворешни фактори и влијанието на околината. Видео игрите отсекогаш биле поврзани со поттикнување насилничко однесување и честата употреба на видео игри може да има повеќе штетни ефекти врз здравјето на децата на долг рок отколку влијанието на насилството во таков облик на забава. Истражувањето ги испитувало навиките на повеќе од 7.000 деца на возраст од 8 до 17 години од Цела Европа во период од 3 години. Било мерено вниманието на децата, нивната способност да се концентрираат на нешто и импулсивноста. Претходните студии заклучија дека видео игрите им помагаат на децата побрзо да реагираат и полесно да ги препознаваат визуелните информации. Сепак, новите сознанија ја истакнуваат негативната страна и штетните последици од честото користење на електронските медиуми. Придобивката би можела да биде развојот на поефикасни стратегии за помош на децата со импулсивно однесување и проблеми со концентрацијата. Во секој случај, најефективниот совет за родителите е да го ограничат времето кое нивните деца го поминуваат пред компјутер или пред екраните на најмногу еден час дневно.

видео-игрите-ја-намалуваат-концентрацијата

Можеби ќе ве интересира