На телевизија има многу разновидни, едукативни, забавни и детски емисии. Јас гледам многу од нив, но каки и сите деца имам една омилена тв емисија.
Нема тука што да се мисли. Се знае мојата омилена ТВ емисија е ,,Ѕвон’’. Зошто? Па бидејки таа емисија е навистина прекрасна и едукативна. Се секавам уште како мала започнав да ја гледам. Најпрво кога ја гледав беше заради песните кои се пееја и игрите кои се играа од децата кои учествуваа во неа. Во тој момент тоа ми беше многу интересно. Седнав пред телевизорот и очите ми беа право вперени во неа и до ден денес веке не можам да ги тргнам. Ме принесоа убавите содржини за деца, детската дружина. Тие ме научија толку многу нови нешта. А во игрите и песните уживав пред прекрасните екрани. Од тогаш до денес јас се трудам редовно да ја следам и ова контактно-образовна програма на македонската телевизија. Понатака кога почнав да одам на училиште ме заинтересираа работите кои беа поврзани со училишните работи. Од нив полесно ги разбирав училишните теми. Пораснав со неа и со нејзините прекрасни убавини. Го разубавив моето детство со неа! Дури за време на летниот распуст кога можам ги гледам нејзините преубави репризи, а и понатака ке продолжам со оваа преубава емисија како бајка за децата.
Ја препорачувам на сите, таа ме опушта, ме прави срекна и исполнета. Голема благодарност до МРТВ за овој волшебен дар и секако продолжете да ни помогнете да израснеме во добри и исполнети луге. А таквата помош нема цена. Здрава телевизија- здрави деца.
Текстот го напиша ученик од 4 одделение