Секој ден и секогаш 🏆, бесконечна љубов ❤️, безброј насмевки 😃, искрено другарување 👫 и топли прегратки 🤗

Нашето училиште „Јан Амос Коменски“ е модел училиште за успешност во реализацијата на Инклузивниот процес. Топлиот прием на сите ученици и нивно активно вклучување во животот на училиштето е наша одлика. Обучени наставници, вклученост во проекти, соработката со Универзитетот од Рим, разни институции, Невладини организации, Ресурсни центри и стручни образовни асистенти ја зголемува ефикасноста на работата со сите ученици и нивното секојдневно напредување. Асистивната технологија и апликациите повеќе години наназад допринесуваат учењето на учениците со развојни проблеми да претставува радост и да постигнуваат повисоки резултати.

Вистински и искрени  другарувања се развиваат меѓу учениците секојдневно на одморите и воннаставните активности. Заедно со нивните родители како наши партнери се радуваме на нивната среќа во училишните клупи и дворот додека си играат сите заедно.

Април е месец на подигање на свеста за аутизмот. По тој повод нашето училиште Јан Амос Коменски, заедно со нашите вредни ученици земаа учество во кампања за подигањето на свеста за аутизмот со тоа што цртаа и боеја знак на бесконечност со боите на виножитото. Како училиште учествуваме и се стремиме да бидеме присутни на вакви настани и да ја подигнуваме јавната свест за аутизмот. Носители на оваа кампања во нашето училиште се педагогот Соња Казакова, дефектологот Стефани Ѓоргиевска и образовниот асистент Славе Павловски.

НИЕ СМЕ  СЕКОГАШ ОТВОРЕНИ СО НАСМЕВКА И ПРЕГРАТКИ ЗА НАШИТЕ МАЛИ ДЕТСКИ СРЦА

Текстот го напиша педагогот на училиштето: Соња Казакова заедно со дефектологот Стефани Ѓоргиевска

Можеби ќе ве интересира