„Хајди“ од Јохана Шпири

Прераскажана лектира

Белешка за авторот: Јохана Шпири(1827-1901г) е Швајцарска писателка за деца, родена во едно село во близина на Цирих. Татко и бил лекар.”Хајди” е нејзиното прво и најпознато дело. По него има напишано уште петнаесеттина книги за деца,меѓу кои и „Без татковина“. Делата на Јохана Шпири изобилуваат со искрен и наивен, понекогаш и премногу сентиментален занес по идиличниот живот на децата во шумите и по осаментите села во Швајцарските Алпи. Хајди е преведнена на голем број светски јазици.

Јохана Шпири

Литературен род: Епика;
Литературен вид:
Детски роман
Тема:
Животот на девојчето Хајди, на планината и во градот.
Локализација: Во планинско село во Швајцарија на Алпите и во Франкфурт во различен период.
Идеја: Животот на децата што живеат на планина и природните убавини на Швајцаријa. Среќата не ја чинат парите, туку дружбата со драги луѓе.
Фабула: 
а) Хајди оди на планина.
б) Средбата на Хајди со дедо и.
в) Дедото го гушка своето внуче.
г) Дедото е среќен со внуката.
д) Средба на Хајди со Петре козарот.
ѓ) Хајди и Петре се многу среќни.
е) Хајди оди во градот и се среќава со Клара.
ж) Клара доаѓа на планината кај Хајди.
з) Децата и дедото се многу среќни.
Порака: Добрината, соработката и љубовта можат да значат нов почеток, нов животен предизвик.
Ликови: Хајди, Дедото од планината, Клара, Петре, тетката Дета, г-дин Сеземан, Бабата Сеземнан, Баба, Бригита, г-за Потенмаер и др.
Време: XIX(19век)
Анализа на ликовите:
Хајди – главниот лик во оваа лектира е опишана како мало девојче со руса коса и ангелско лице. Нејзиниот карактер отсекогаш бил добродушен,а душата-наивна,детска. Хајди ги сакала сите со сето срце,и правдата секогаш ја возвишувала во победа!

Хајди
Петре Козарот – тоа било момче на возраст од 10 до 13 години. Имал кафеава коса,а изразот на неговото лице давал впечаток на забавно и дружељубиво момче!

Дедото на Хајди – поради своето минато,старецот обидувајки се да се казни себе си,се преселил на планина во една мала колибка далеку од малата цивилизација која се наоѓала во подножјето на Швајцарските планини. Тој бил карактеризиран како тврд човек кој незнае за милост,но длабоко во својата душа,тој имал љубов и мекост до кои само Хајди успеала да допре!

Клара – таа била малку поголема од Хајди,но во неа отсекогаш се криела желба за играње цел ден до залезот на сонцето. Имала големо разбирање за секого кое само го потрепувало фактот дека Клара била доста зрела за  нејзината возраст.

Хајди-1

Кратка содржина: Во оваа лектира се зборува за малото девојче Хајди и нејзиното забавно детство. Хајди било мало девојче чии родители починале, а единствената роднина која ја имала, нејзината тетка Дета несакала повеќе да ја издржува. Еден ден, заедно со Хајди таа се упатила кон својот татко во селото наречено Селце, очекувајки тој да се грижи за Хајди. Но дедото на Хајди во селото бил познат како тврдокорен и не многу пријатен човек, па тој се преселил над селото, подалеку од оние кои се плашеле од него. Штом стигнале, жената брзо ја оставила Хајди пред старецот, си кажале два-три збора како да се странци и си заминала. Стариот господин не покажувал многу љубов кон Хајди, но полека полека, тој почнал вистински да ја сака својата внука. Тој ја научил да ги сака животните, ливадите, полињата и да се чувствува слободно таму.  Хајди веднаш се запознала со Петре Козарот кој бил син на една од жените од селото. Тој секој ден одел да ги пасе неговите и козите на старецот, а откога ја запознал Хајди, ја носел со себе. Собата на Хајди била на таванот. Спиела на сено (кое и било прилично удобно) а над нејзиниот кревет се наоѓал прозорец преку кој можела да го види небото и ѕвездите навечер.

Хајди-2
Нејзиниот дедо постепено почнал повторно да се дружи со своите пријатели и да им помага на луѓето. Кога било зима и кога Хајди неможела да слегува од планината за да оди на училиште поради тешките услови, нејзиниот дедо заедно со неа се преселил во селото во една стара куќа која ја купил. Сите зими ги поминувале таму. Еден,тетката на Хајди се вратила и го повела девојчето со себе во Франкфурт. Причината заради тоа била дека на Клара-девојче кое постојано е во инвалидска количка, кое живее во прилично богата куќа и е потребна придружба и другарка за забава, но никогаш не ја почувствувала слободата во своите нозе за да трча. Хајди била поразлична од неа. Иако Клара сакала повеќе од досадниот наставник и од грозното рибино масло кое требало да го пие, нејзината воспитувачка инсистирала таа да се држи до правилата и да не се возбудува. Хајди се почувствувала затворена во големата куќа и и недостасувал животот во планината. Секој ден таа била се по тажна и бледа, а навечер несвесно месечарела и се обидувала да излезе низ капијата од дворот сакајќи да се врати во нејзинот дом кај дедо и. Еден ден, поради нејзината загрижувачка состојба, дошол еден добар доктор и ја прегледар и рекол дека ако Хајди не се врати на стариот живот, состојбата само би и се влошила. За два дена, Хајди тргнала кон Селце со голема возбуда а Клара и ветила дека еден ден ќе дојде на посета.  Хајди секој ден ја чекала Клара да дојде, кога еден ден забележала двајца мажи кои носат носилка, а на носилката ја препознала својата другарка, Клара. Со неа дошла и нејзината баба, но таа заминала во една од бањите имајки целосна доверба за безбедноста и здравјето на Клара во стариот господин.  Клара секој ден се чувствувала се подобро и подобро. Дедото на Хајди и го давал најдоброто млеко од неговите две кози, и како за чудо, еден ден, Клара (со помош на Хајди и дедо и) станала на нозе! Нејзината среќа и возбуда се дигнале до небото.  Бабата и таткото на Клара неизмерно му биле благодарни на дедото на Хајди, и го прашале да не има потреба од било каква услуга или помош и се подготвени се да направат. Дедото на Хајди од нив само побарал да водат грижа за Хајди ако еден ден тој замине. Од се срце му ветиле дека Хајди ќе биде во добри раце, но дотогаш таа ќе го живее животот на начин кој отсекогаш го сакала во селото заедно со дедото!

 

Гледајте Хајди на youtube во продолжение.

Можеби ќе ве интересира