5 најдобри работи како да пристапите кон училишните проблеми со наставниците на вашите деца
Кога треба да разговарате со наставниците за проблеми во училиштето, мирниот и позитивен пристап веројатно ќе добие позитивен исход за вашето дете. Еве што да направите:
1. Направете пауза за да се смирите
Ако нешто се случило и тоа го вознемирило вашето дете, ова може да ве вознемири и вас. Обидете се да одвоите малку време да се смирите пред да направите нешто. Ова ќе ви помогне да избегнете да направите нешто за што подоцна ќе жалите, како на пример испраќање навредлива е-пошта. Добриот однос со наставникот е одлична ситуација за сите три страни, дете- наставник- родител. Можете да му речете на детето: „Гледам дека си многу вознемирен од ова, и јас сум вознемирен исто така. Најпрво треба да се смириме за да можеме да размислиме што правилно да правиме “. Кажувајќи го ова, ќе му помогнете на вашето дете да ја научи и оваа стратегија како животна вештина.
2. Моделирајте позитивно решение
Дури и со сериозен проблем, можете да моделирате позитивно решавање проблеми за вашето дете со тоа што ќе бидете позитивни, ќе размислувате за решенија и зборувате за работа со наставникот. Ова е подобро отколку да се жалите или да бидете агресивни кон наставникот. Може да кажете нешто како: „Да го прашаме наставникот дали има идеи за тоа како можеме да го решиме овој проблем“. Овој вид пристап му покажува на вашето дете дека го цените мислењето на наставникот. Со тоа и детето ќе го цени и почитува својот наставник.
3. Зборувајте со почит
Без оглед што мислите, важно е да зборувате позитивно и со почит за наставникот на вашето дете, за училиштето и за другите деца пред вашето дете. Ако се жалите или го критикувате наставникот или другите деца и нивните семејства, вашето дете ќе го стори истото и ќе биде омразено во одделението о кое учи.
4. Одете низ вистинските канали
Ова обично значи да разговарате директно со наставникот на вашето дете за да започнете со решавање на проблемот, наместо со директорот. Одењето директно кај директорот може да го направи проблемот поголем отколку што е. Најдобро е да закажете состанок со наставникот за да можете приватно да разговарате за ова прашање. Во зависност од проблемот и возраста на вашето дете, можеби е соодветно вашето дете да дојде на овој состанок.
5. Избегнувајте дефанзива
Кога има проблеми, луѓето понекогаш се чувствуваат одбранбено. На пример, ако вие или наставникот се чувствувате критикувани, и двајцата би можеле да се чувствувате одбранбено. Дефанзивноста може да ве спречи во решавањето проблеми, па затоа е добро да се обидете да ја видите перспективата на наставникот и да му помогнете на наставникот да ја види и вашата перспектива. На пример, ‘Можам да видам дека е нереално да очекувам да поминете време помагајќи му само на моето дете, но јас сум загрижен затоа што тој е осамен и нема со кого да игра. Како можеме двајцата да му помогнеме во ова? ’